Потона туристички брод во Египет, во тек е огромна потрага по преживеани
Бродот „Sea Story“ потона во близина на популарната нуркачка дестинација Шааб Сатајах, недалеку од туристичкото место Марса Алам, пренесува The Mirror. На бродот имало 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот.
Несреќата се случила во понеделникот околу 5:30 часот, кога член на екипажот го вклучил алармот. Набргу потоа, египетската крајбрежна стража започна спасувачка операција, а во потрагата по преживеани се вклучени и хеликоптери и египетската морнарица.
Патниците биле на повеќедневно нуркачко патување во Црвеното Море. Бродот исплови од пристаништето Галиб во Марса Алам во недела и треба да пристигне во Марина во Хургада во петок.
Гувернерот на регионот на Црвеното Море Амр Ханафи потврди дека неколку лица ја преживеале несреќата, но детали за останатите патници се уште не се познати.