Македонија

(Видео) ДУИ: Министерот Фатмир Лимани ги блокира албанските општини од политички причини

Денеска преку прес конференција, градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими го изразија својот протест пред Министерството за социјална политика, демографија и млади, односно пред канцеларијата на министерот Фатмир Лимани, „кој од ниски политички причини, го држи во заложништво почетокот на работата на предучилишната установа Валбона Зимбери- Валбона 2001 година, во село Матејч и отворањето на првата детска градинка на ниво на општина Харачиново, и тоа двете со капацитет од над 220 деца“.

„Денеска, во знак на протест, сме овде пред Министерството за социјална политика, демографија и млади, поточно пред канцеларијата на лицето кое е главниот и единствен виновник што децата на Арачиновои Липково им е скратено загарантирано право со закон, да престојуваат во просториите на предучилишните установи, градинки и на нивните родители што не можат да ги сместат своите деца под организирана грижа.

Министерот без легитимитет, Фатмир Лимани, со месеци од ниски политички причини, го држи во заложништво отворањето на првата детска градинка на ниво на општина Арачиново и почетокот на работата на предучилишната установа Валбона 2001 година, во село Матејч на Општина Липково“, велат од ДУИ.

„Замислете, градинките во овие две општини Арачиново и Липково, се подготвени да примат деца од предучилишна возраст во своите простори, завршени се сите технички и административни процедури, единственото нешто што го спречува отворањето на вратите на овие објекти посветени на најмалите, тоа е неподготвеноста на овој човек, , да го процесирасогласности теза вработување на потребниот кадар , коисе веќе дадени од Министерството за финансии од пред неколку недели. Повторувам министерството за финансии ги има дадено согласностите веќе неколку недели!!

Ја информираме пошироката јавност дека и покрај тоа што, општинската администрација неколку пати ги коригирала табелите што ги враќало Министерството, во најкус можен рок ги коригирала според барањето и за истата постапка веќе е дадена согласност од Министерството за финансии, но министер без легетимитет Фатмир Лимани без никакво образложение или оправдување одлучил да ги блокира согласностите во неговите фиоки, не пуштајќи ги во процедура, а воедно со тоа ги блокира и вработувањата кои се неопходни за функционирање на предучилипните установи.

За да се констатира, дека нелегитимниот министер Фатмир Лимани постапувал врз основа на гнев и политички фрустрации, во истата постапка, идентични беа и процедурите за градинките во општините Чаири и Тетово, за кои веќе се издадени согласности од негова страна. Нема разлика во фактичката ситуација, ниту една!

Нелегитимниот министер Фатмир Лимани ја сноси целосната одговорност што денеска по негова вина повеќе од 230 деца чекаат да бидат сместени во градинките.

Јавно прашуваме дали единствениот мотив на овој човек,е казнувањето на населението од овие две општини затоа што не му дале легитимитет да одлучува во нивно име??? Апелираме до овој човек, не си играј со судбината на децата од овие две општини и не ги казнувај нивните родители преку нив!“, соопштуваат од ДУИ.

На почеток