Почина Митрополит Тимотеј
На 73-годишна возраст денеска почина Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј. Тимотеј ја загуби битката откако неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми кои ги имал со срцето.
Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јовановски.
Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работел како службеник во Македонската архиепископија.
Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.