Македонија

(Фото) Плата од 3.000 евра нуди Раде Штекли: по трите обиди за убиство, прави тим за обезбедување

По трите обиди за убиство, Раде Трајковски-Штекли преку социјалните мрежи објави оглас каде бара обезбедувачи. Нуди висока плата, но бара професиоалци, притоа посочува и какво искуство треба да имаат. Ова доаѓа откако пред две недели, во дворот на неговиот семеен дом беше фрлена бомба. Тој изминатиов период постојано споделува „стори“ објави на Инстаграм од кои се гледа дека шета низ Балканот.

„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се 4ца, морално воено или полициско искуство, да поседува дозовла за оружје, плата 3000 евра (и покриено трошкови јадење пат…) Може од секоја етничка припадност и пол“, стои во објавата.

Screenshot

Ексначалникот од МВР, Љубомир Ѓурчески во „Претрес“ зборуваше за криминалните пресметки во Скопје, но и Македонија. Тој посочи дека ликвидаторите, нема да се откажат од намерата да го убијат Штекли, се додека задачата не биде завршена.

На почеток