Македонија

Загина жена од Гевгелија, со возило излетала надвор од патот

Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка село Прдејци до клучка село Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 56-годишната В.К. од Гевгелија, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

На почеток