Уапсен државјанин на Турција, при проверка на граница дал фалсификувани документи
Од
Објавено на
Вчера во 20.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот З.С. од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународната зелена карта за осигурување на полуприколката, прикачена на товарното возило „мерцедес“ со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.