Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се дружеше со дечињата со церебрална парализа

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес се дружеше со дечињата со церебрална парализа во нивниот клуб во Расадник. Заедно поминаа неколку часа во кој сликаа, украсуваа глинени вазнички, предмети, а средбата ја надополнија и со песна и смеа.

– Денеска со големо задоволство поминав неколку незаборавни часови со дечињата со церебрална парализа во нивното катче за дружење, едукација и социјализација во Расадник. Заедно сликавме, украсувавме, а овој ден го збогативме со песна, смеа и искрени насмевки.

Ова катче, кое постои веќе трета година, претставува мал, но значаен простор каде што децата со церебрална парализа можат да се изразат, да создаваат и да се чувствуваат прифатени. Лицата со попреченост се рамноправни членови на нашето општество, а ние имаме обврска да создадеме услови каде што секој поединец ќе може да го достигне својот потенцијал. Само преку заеднички напори можеме да изградиме општина и заедница во која секој ќе има еднакви можности и право на среќа и успех.

Денеска од овие прекрасни дечиња добив бесценети моменти на инспирација и сила. Им благодарам и на нив и на нивните семејства за гостопримството и за тоа што ни покажуваат колку е важна човечката топлина и емпатијата. Заедно ќе продолжиме да работиме за општество без бариери и заедница која инспирира-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Катчето за дружење, едукација и социјализација деца заболени од церебрална парализа во Расадник функционира веќе трета година. За овој простор и за тековните трошоци, средствата ги обезбедува лично градоначалникот и неговиот кабинет.

На почеток