Македонија

„Храбар и одлучен“: Заев е единствениот политичар од Балканот спомнат во мемоарите на Ангела Меркел

„Храбар и одлучен“, пишува поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во своите мемоари од над 700 страници, за поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев.

Михаел Мартенс, познатиот германски новинар на Франфуртер алгемајне цајтунг и добар познавач на приликите на Балканот, на социјалната мрежа Икс напиша дека поранешниот премиер Зоран Заев е единствениот (жив) политичар од Западен Балкан кој Ангела Меркел го споменува во своите мемоари.

Мартенс имал увид во мемоарите на Ангела Меркел кои се објавени на повеќе јазици во повеќе од 30 земји.

Во балканското поглавје Меркел не ги спомнува ниту Александар Вучиќ, ниту Еди Рама, Бојко Борисов или Борис Тадиќ.

Мартенс вели дека Меркел во нејзините мемоари избрала да не пишува негативно за политичарите на кои таа не им се допаѓа или не им верува и ги игнорира таквите политичари. Таа не ги споменува ниту поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис и многу други, напиша Мартенс.

На почеток