„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Фото) Разбиен балкански нарко картел, 11 уапсени продавале кокаин од Јужна Америка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
zaplena-droga-hrvatska-1

Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека долготрајната прекугранична истрага резултирала со разбивање на голема криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во ЕУ. Како што наведуваат, операцијата се протегала низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

— реклама —

Трговците со кокаин кои биле целни лица на ова истражување користеле различни поморски патишта и начини на работа, а криминалната мрежа е поврзана со заплена на повеќе од половина тон кокаин со улична вредност од 50 милиони евра во пристаништето Плоче на југот на Хрватска на крајот на март 2021 година.

— реклама —

Дрогата била скриена во модифицираното дно на товарниот контејнер, а според хрватското МВР, оваа заплена е уште еден показател дека меѓународните криминални организации за шверц на дрога се повеќе таргетираат помали пристаништа во ЕУ.

Вчера органите на прогонот уапсија 10 осомничени (1 во Босна и Херцеговина, 1 во Хрватска и 8 во Србија). Неколку истакнати членови на злосторничкото здружение од регионот, т.н Балкански нарко картел.

При претресите на становите, органите на редот заплениле оружје и големо количество муниција како и неколку скапи возила, часовници и повеќе од 500.000 евра во готовина. Четири лица под истрага за припадност во оваа мрежа веќе се затворени. За уште тројца се издадени меѓународни потерници. Четврта држава ќе води кривична постапка против еден обвинет.

Според полицијата, криминалната мрежа поткупила неколку корумпирани цариници за да избегнат полициска и царинска контрола во логистичката фаза на извозот. Во акцијата е уапсен еден корумпиран цариник, а останатите уапсени се членови на криминалната мрежа кои имале различни улоги во злосторничкото здружување, пренесува Индекс.хр.

Некои од нив воделе различни криминални ќелии, додека други финансирале активности или координирале и организирале логистика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufrqc1qmatklfnDFnW7

Скандал во Хрватска: Детски психијатар обвинет дека со години злоупотребувал малолетни пациентки, ги допирал и им давал лекови

Свет | пред 3 дена

media-library68qgu06idm5f3e4im5p

Латвиец фатен како шверцува мигранти кај Делнице – превезуваните успеале да побегнат

Свет | пред 1 седмица

Hrvatska-policija

Семејна трагедија и потера во Хрватска: Маж пукал во две жени, полицијата трага по сторителот

Свет | пред 2 седмици

eksplozija

Повредените деца во експлозија во Нови Винодолски не се во критична состојба

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања