(Видео) Хајрулахи во Претрес: Државниот обвинител Коцевски е под директно влијание на обвинители од поранешното СЈО
Државниот обвинител Коцевски, рече во Претрес со Ландов, суспендираниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи е октроиран од неколку обвинители на сега згаснатото СЈО.
Обвинителството до сега функционираше како тајно друштво од кое не можеше да излезе никаква информација во јавноста, рече Хајрулахи.
„Од редовното обвинителство нема групариња, тоа е само кај обвинители од поранешното СЈО. Преку такви групировки сакаат да се спасат поради работата во СЈО. Проблемот настана поради случајот со бонусите на СЈО.Јавниот обвинител Коцевски е октроиран од обвинители од поранешното СЈО. Тој е под директна контрола на неколку обвинители од бившото СЈО“, рече Хајрулахи.
Тој смета дека е потребно целосно испитување на случајот со бонусите, а постапката била скандалозна.