Македонија

(Видео) Хајрулахи: Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи му даваа информации на Марјан Стаменковски од Доказ со кои ме клеветеа

Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство, Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес го објасни и случајот со нарачани текстови против него, објавени во Доказ на Марјан Стаменковски.

„Пишувањата против мене со лични дискредитации со напади во Доказ почнаа во времето на мојот реизбор. Марјан Стаменковски побара иземање на обвинителот Сашо Рајчев бидејќи тој му доставувал материјали“, рече Хајрулахи.

Од одземените телефони од Стаменковски рече се виде дека нарачките за објавени гнасотии биле од Рајчев.

Лицето И.Ш.беше сведок во Обвинителството, објаснува Хајрулахи, а обвинителот Рајчев ги извлекол податоците и ги ставил на своја нова сим картичка. Тој си ѕвонел и сам на себе, што е регистрирано на базна станица и потоа на Марјан Стаменковски.

„Поднесов кривична пријава за да може да се определи друго месно надлежно обвинителство. ЈОРМ Јовески по 6 месеци ја препраќа во обвинителството во Битола. Треба да пазиме на роковите за да не застарат. Марјан Стаменковски материјалите ги добивал преку Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи која ги давала преку своја пријателка. Фрапиран сум од обвинителите. Сашо Рајчев сакаше да клекне на колена и ме молеше да му простам“, рече Хајрулахи.

Коцевски, посочи, го викнал обвинителот кој постапувал по предметот и му се заканувал да не добие Хајрулахи својство на оштетен.

На почеток