Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VFCO1

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на партијата внесовме свежина, енергија и позитивни промени кои ги бараа членовите и граѓаните. Под водство на претседателот Венко Филипче, партијата направи значителен исчекор со тим кој претежно се состои од нови лица, докажани професионалци со силен личен интегритет, знаење и искуство, соопштуваат од СДСМ.

— реклама —

На првата седница на Централниот одбор, одржана во одлична и позитивна атмосфера, беа избрани членовите на Извршниот одбор, потпретседателите и генералниот секретар Александар Димитријевиќ. Потпретседатели се имињата на Кристина Костова, Менде Илиевски, екс министерката Каја Шукова и професорката Ана Чупевска. Оваа комбинација на млади, мотивирани луѓе и искусни професионалци претставува сигнал за нова насока во работењето на СДСМ, велат од партијата.

— реклама —

„СДСМ го започнува процесот на консолидација на сите нивоа, со цел да допре до членовите и симпатизерите, да ги слушне нивните предлози и преку инклузивен процес да ја гради својата нова идеолошка платформа. Работата почнува веднаш со план за посета на сите општински организации“, истакна претседателот Филипче.

— реклама —

Новото раководство ја истакна својата решителност и веднаш се зафаќа со спроведување на конкретни активности. Веќе е подготвен план за работа, со посети на локалните организации и иницирање нови форми на комуникација кои ќе го доближат партиското раководство до членовите и симпатизерите. Промените во начинот на делување ќе бидат насочени кон оние кои останале настрана, со цел да се вклучат во широк и инклузивен процес на креирање политики.

— реклама —

Со оваа енергија, новиот тим и јасна визија, СДСМ покажува дека е подготвена да ја врати довербата на граѓаните и да биде предводник на позитивните промени во општеството, се вели во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 17 часа

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 18 часа

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 1 ден

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: „Скандалот со Дака открива бизнис мрежа на власта во енергетиката“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања