Меџити: Нема да се изгради базата за асфалт во Визбегово
Реакциите на граѓаните за на стопирање изградбата на базата за асфалт во Визбегово не останаа нечувствителни како во претходните случаи. Сега, со Меџити на чело на Министерството за животна средина, овој проект ќе биде стопиран, бидејќи е потврдено дека ќе го загрози здравјето на граѓаните и животната средина, соопшти ВЛЕН.
Првиот заменик премиер и министер за животна средина, Изет Меџити, соопшти дека, како што ветиле пред изборите, базата за асфалт во Визбегово нема да се изгради.
Меџити изјави дека вчера ја посетил Индустриската зона Визбегово, каде што се сретнал со претпријемачи од оваа скопска зона.
„Заедно разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат, како што се проблемите со патот и пристапот до областа, како и за главното прашање што го покренаа граѓаните и бизнисите во знак на протест: планираната изградба на Асфалтната база. Го зацврстив нашиот став дека ги слушаме граѓаните и стопанствениците и ги информирав дека ја укинавме одлуката за изградба на асфалтна база во оваа индустриска зона. Оваа одлука е донесена земајќи ги предвид нивните аргументи кои ја нагласуваат штетата што таквата активност би ја донела за здравјето и животната средина. Ги поддржуваме бизнисите, но не по цена на здравјето и природата“, напиша Меџити.