Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, рече Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikolovski-lj3

„СДСМ најостро ја осудува и се спротивставува на скандалозната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите којшто на најбрутален начин го прави ДПМНЕ. Ова тело ја контролира работата на институциите кои ги следат комуникациите, прислушувањата и постапува во претставки доколку некој е прислушуван“, рече Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

„Значи е од витално значење за граѓанскиот надзор врз следењето на комуникациите, човековите права, слободи и демократијата во земјата.

— реклама —

И наместо да биде составено од компетентни и непартиски експерти, ДПМНЕ го претвора во инструмент на партиска контрола комуникации и прислушувањето.

— реклама —

Предложениот претседател и дел од членовите се долгогодишни партиски активисти на ДПМНЕ, што целосно ја урива довербата во ова тело кое треба да е независно.

Принципите на транспарентност, експертиза и независност ДПМНЕ ги погази тотално, избира хард кор партиски кадри со што прави дрска партизација.

На пример, Илче Димовски, претседател на УМС Битола, секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Битола. Сега ДПМНЕ во предлага како кандидат од НВО, скандалозно.

Мирче Стојков, поранешен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Кочани и актуелен советник во советот од ДПМНЕ. Исто така.

Никола Затуровски – организациски секретар на ДПМНЕ.

Ова се партиските кадри кои ДПМНЕ сака да ги протне и ова е силен удар за демократијата и човековите права.

ДПМНЕ ги загрозува демократските процеси и капацитет на институциите и повторно се обидува да воспостави контролата врз прислушувањето.

Со грубо кршење на сите процедури, без соодветна подготовка и материјали, протна партиски кадри за членови на Советот, игнорирајќи ги обврските за избор на лица од невладиниот сектор и експерти.

Со ваков чист партиски состав, кој е зависен од една партија, се отвора простор за злоупотреби и загрозување на приватноста на граѓаните.

ДПМНЕ покажува дека има намера повторно да го злоупотребува инструментот за прислушувањата, исто како за време на режимот кога беа прислушувани над 20.000 граѓани.

СДСМ се бореше да го сруши тој недемократски систем, и заедно со граѓаните успеавме, а по демократските промени спроведовме реформа на целокупниот сегмент.

Бараме власта да се повлече и итно да врати процедурата во рамките на законските норми и стандарди.

СДСМ остро ќе се спротистави и нема да дозволи оваа партизација да помине. Ќе ја информираме целата меѓународна заедница, амбасадите и релевантните меѓународни институции за овој антидемократски потег на ДПМНЕ.

Доколку ДПМНЕ остане глува на овие предупредување ќе преземе и порадикални мерки.

Нема да дозволиме враќање на мрачното минато каде граѓаните беа прислушувани, следени, заплашувани, нема да дозволиме партијата ма власт да им го киднапира приватниот живот и да го злоупотреби“, изјави Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 19 часа

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 20 часа

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 1 ден

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: „Скандалот со Дака открива бизнис мрежа на власта во енергетиката“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања