Ги убила со нож, откако ја нападнале и се борела – и се суди на жената од Кратово која ги уби сопругот и свекорот
За првпат на обвинителна клупа седна Вангелица Илијевска, осомничена дека го убила сопругот, сосе свекорот во семејниот дом во Кратово. Таа пред судијата посочи дека тоа го направила во самоодбрана, нејзиниот адвокат пак посочи дека таа била подолг период жртва на семејно насилство. И покрај ова, обвинителот реши да не го повлече обвинението и да ја гони жената за убиство. Според Обвинителството, таа со нож го убила сопругот Јован, па свекорот Стојан.
Според адвокатот на Илијевска, додека биле во брак кој траел повеќе од десет години, таа била физички и психички малтретирана од повеќе членови на семејството, а најмногу од сега убиениот сопруг. Поднесувала и приајви до Центарот за социјални работи, а пријавите се доказ на суд. Дента кога го убила, жената била претепана. Нагласено беше дека жените кои се жртви на семејно насилство како Илијевска, се ранлива категорија на граѓани. Според адвокатот Христијан Георгиевски, таа реагирала по напад кој го доживеала.
Пред Судот сведочеше свекрвата Славица Илијевска, која не сведочела на убиството, но кажа дека нејзиниот убиен син не ја малтретирал жената. Таа за убиството дознала откако поголемиот внук ја информирал. По неа, сведочеше и соседот, кој ги видел телата на убиените. Обвинетата му кажала дека се борела со двајцата. Сведокот не знаел дали имало малтретирање, но потврди дека гледал полиција и Центар за социјални работи во домот на соседот со кој живелее куќа до куќа. Потври дека понекогаш пиеле алккохол со починатиот Јован, ама не знаел дали често пиел.