„Да погазиш знаме на држава каде живееш значи дека ти не заслужуваш да живееш во таа држава“, остри реакции за сквернавењето на македонското знаме
Остри осуди и барање на одговорност дојдоа откако македонското знаме беше сквернавено за време на прославата на албанското знаме. Новинарот Фуркан Салиу и адвокатот Умејр Мухамеди со остра критика за двата чина со кои се погази Македонија од страна на неколку лица во изолирани случаи.
„Да погазиш знаме на држава каде живееш значи дека ти не заслужуваш да живееш во таа држава. Мвр треба итно да го расчисти случајот“, напиша адвокатот Мухамеди.
Новинарот Салиу, напиша дека нормално да има исфрустрирана младина кога образованието е бизнис, а културата во колапс.
„Кога културата ти е во колапс, образованието обичен бизнис, спортот арена за меѓуетнички и политички препукувања нормално е да имаш исфрустрирана CS-go младина. Пукање сред град, кинење на знамиња, дивеење низ улиците едноставно е недозволиво.
Но за мене ова беше очекувано. Политиката (затоа што за се решава политиката) на покажување на мускули носи само отпор. Тој отпор различно се сфаќа и се манифестира од индивидуи, но едно е сигурно… Во оваа држава никој не знае нормално да се радува.
Радоста изгуби смисла затоа што ретки се тие моменти на радост и гордост. 34 годишната “битката за да ја вратиме” државата де од едната па после и од другата етничка заедница си има своја цена. А цената е висока. Толку висока што на секои 4 години создава десетина нови милионери, а народот се по сиромашен“, напиша тој.