„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Од утре започнува грејната сезона во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Граѓаните и фирмите во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од утре, 15 октомври 2018 година, ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака.

— реклама —

Испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила во зависност од надворешните температури. Доколку надворешните температури се пониски во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците во своите домови ќе имаат температури не пониски од 20 + 1 степен Целзиусов.

Годинава е забележан трендот за повторно приклучување и истиот се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите, за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди. Исто така потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис“. Стручните екипи на „Мој Сервис“ досега направиле преку 4000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите , интервенција во ормарче, прочистување и увид  во внатрешната инсталација итн.

— реклама —

За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: [email protected] .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања