(Видео) Бектеши пак ја стави во уста 2001 година, додека имало и изживување со полицајци под Кале
Снимка каде неколку лица кои слават Ден на албанско знаме, а беше протолкувана како момент каде тие се изживуваат со полициска патрола, исто така кружи на социјалните мрежи.
Од снимката се гледаат неколку моменти. Од предната страна млади лица скокаат пред полицајците, додека од страна, им ја отвораат вратата од автомобилот. Исто од страна едно лице им дава знак на лицата пред полицискиот автомобил да запрат, а за цело време има и лице со качулка.
Сомнежите кај јавноста за ваквите изолирани инциденти се дека провокациите доаѓаат од политичарите, па тоа се рефлектира преку младите.
Интересно е што вчеравечер, неколку минути пред 10 часот, токму Крешник Бектеши, ексминистерот за економија од ДУИ преку статус на социјалната мрежа објавува дека Албанците не можеле да слават на плоштадот во Скопје. Па потоа вели дека тоа се случувало само пред 2001 година.
„Каков СРАМ…Со полиција да ги спречи граѓаните кои слават на плоштадот во Куманово и Скопје!!! Ова се случи само пред 2001 година“, напишал Бектеши.
Доцна вечерта ги добивме и првите снимки од палењето и газењето на македонското знаме. За разлика од минати пати, сега, голем број Македонци и Албанци по коментари на социјалните мрежи порачаа да не се потпаѓа под провокации, да има итни санкции, а настанот да се земе како изолиран случај за кој мора да има итна одговорност.