Свет

Новинарката Марина Влаховиќ пронајдена мртва: Нејзиното тело го пронашле пријателите на терасата од нејзиниот стан во Марсеј

Марина Влаховиќ (39), српска новинарка специјализирана за Блискиот Исток, во понеделник на 25 ноември е пронајдена мртва во стан во Марсеј. Отворена е истрага за да се разјаснат околностите на нејзината смрт, објави Блиц.

Новинарката е пронајдена без знаци на живот на терасата од нејзиниот стан во Марсеј. Таа соработуваше со неколку познати медиуми, како што се Arte, France Culture и Mediapart.

Телото на новинарката Марина Влаховиќ го пронашле нејзините пријатели, бидејќи со денови не се јавувала на телефонот. Загрижени за ова отишле во нејзиниот стан и ја откриле оваа трагична вест.

Нејзиното тело било на тераса на зграда во првиот арондисман на Марсеј. Смртта најверојатно настапила неколку дена пред да биде пронајдено телото.

Според полициски извори на кои се повикува Ла Прованс, ниту еден елемент засега не укажува на насилна смрт. Наредена е обдукција за утврдување на околностите на нејзината смрт, а истрагата е во тек.

На почеток