Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кривична против директор на Здравствениот дом Македонски Брод за злоупотреба на службената положба и овластување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zdravstven-dom-makedonski-brod

СВР Битола - ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14-годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување.

— реклама —

Исто така, во текот на 2022, 2020 и 2019 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за сметководство во буџетите и буџетските корисници член 21 и Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници член 29 и член 30-а и ја оштетил здравствената установа Здравствен дом - Македонски Брод на начин што доделените субвенции за користење мобилни услуги од мобилен оператор како набавени уреди, ги присвоил за своја корист.

— реклама —

Во текот на 2022 и 2023 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за користење и располагање со предмети во државна сопственост член 22, член 23 и член 24 и го оштетил буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод така што од оштетеното санитетско возило „тојота“, претходно добиено како донација од Јапонија, дозволил да се вадат делови и истите да се даваат на трајно користење на Здравствен дом Крушево, иако претходно немало доставено позитивен одговор од Влада на РСМ за отуѓување или продажба на делови, согласно претходно нивно испратено барање од Здравствениот дом.

— реклама —

Во периодот од 25.06.2021, заклучно со 15.08.2024, пријавениот дозволил да се изготвуваат фиктивни налози за службени патувања на патничко возило „дачија дастер", со што овозможувал службеното возило да се користи за приватни потреби, а притоа да нема уредна евиденција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeushob7k5cee7oO4NQA

Измама за работна виза: Тетовец оштетен за над 24.000 денари

Македонија | пред 2 часа

pari

Измама во Тетово: Маж останал без над 2.000 евра за „царинење“ мотор

Македонија | пред 2 часа

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Млада жена донесена во болница со влошена состојба – починала набргу потоа

Македонија | пред 2 часа

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Пукање во Битола: Задното стакло на „Опел“ погодено со огнено оружје

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања