Македонија

Тројцата кои го палеле и уништувале македонското знаме одат во притвор – судот им одреди 8 дена да поминат зад решетки

Од осумте уапсени, три млади лица добија притвор од судија на претходна постапка, поради палењето на македонското знаме за време на прославата за албанското, дознава „Скопје1“. Станува збор за млади лица кои претходно не биле осудувани, а за кои има основани сомненија дека можат да влијаат на истрагата или да избегаат. Сите тројца ќе бидат спроведени во затворот „Скопје“ во Шутка каде ќе останат 8 дена.

Неофицијално, „Скопје1“ дознава дека се бара притвор од скопското Обвинителство и за уште едно лице – малолетник. Засега нема информација дали судија на претходна постапка ја определил оваа мерка за обезбедување присуство.

Претходно, Тошковски објасни дека четири лица се уапсени за учество во тепачка, а четворица за предизвикување национална, расна и версна омраза, односно раздор и нетрпеливост, дело за кое е предвидена минимум една година затвор.

Премиерот Мицкоски исто така излезе со најостра осуда за вчерашното дивеење низ главниот град. Премиерот истакна дека се работи за мала група која сака да предизвика етнички тензии.

На почеток