Скопје

Блокирана е сметката на ЈСП, на тендерот за горива со директни преговори никој не се јавил, директорот не знае колку нафта има

Блокирана е сметката на ЈСП. Директорот Кушовски кажа дека блокадата е од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Вели активно се работи на деблокада, ама не знае колку точно должи. Кушовски не знаеше ниту колкави количини нафта од државните резерви се останати од 250-те тони што им ги позајми Владата.

„Блокирана е во моментов, се работи на деблокада. Блокирана е по основ на долг од добавувач. Објавивме тендер за директни преговори, каде немаше заинтересирани, чекаме редовната набавка што ќе биде. Пуштивме и оглас за директни преговори. Оваа блокада нема да има импликации врз тендерот за набавка на гориво и платите на вработените“, рече Кушевски.

Кушевски посочи дека моментално не ја знае точната сума на долгот кон добавувачот, но нагласи дека се преземаат мерки за надминување на ситуацијата.

На почеток