Инвазија на беспилотни летала во Киев, Руси соборуваат беспилотни летала над Црното Море
Во украинската престолнина Киев, како и во Киевската област, Черкашката и Кировоградската област е објавена воздушна тревога поради опасност од руски дронови, соопштија украинските власти.
Регионалната воена управа на Киев исто така информираше дека против непријателските беспилотни летала дејствува противвоздушна одбрана, апелирајќи до населението да ги почитува правилата за безбедност и да остане во засолништа, пренесува Укринформ.
Претходно, Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина предупреди дека руската армија лансирала нападни беспилотни летала од јужниот и северниот правец.
Руските сили за воздушна одбрана уништија 11 беспилотни летала на вооружените сили на Украина во Белгородската област и над Црното Море во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Осум беспилотни летала се уништени над територијата на регионот Белгород и три над Црното Море“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.
Засега нема информации за материјална штета или жртви во овие напади.