Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce34

„Лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ стои зад вчерашниот настан се срамен и кукавички обид за префрлање на вината за сопствените неуспеси. За жал овие обиди имаат јасна и подмолна цел – да ја покријат неспособноста на Владата и Министерството за внатрешни работи да го заштитат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните“, велат од СДСМ и додаваат:

— реклама —

Страшно неодговорно и поразително е во ситуација на подигнати тензии наместо пораки на смирување и обединување, Мицкоски да прави политички поделби. Опасно е да се потпалуваат граѓаните кога е потребно лидерство и храброст да се смират страстите.

— реклама —

Наместо да се соочат со фактот дека институциите потфрлија во превенција на хаосот и да преземат одговорност, Мицкоски и неговата партија одбраа да шират паника и да манипулираат со јавноста со своето познато сценарио за дестабилзизација.

— реклама —

Ова е уште еден доказ за нивната неспособност да се справат со кризни ситуации, но и за опасните намери да го поларизираат општеството за политички поени. Тоа што Мицкоски го прави е оркестрирање страв за избегнување одговорност

— реклама —

Во изминатите месеци, Мицкоски постојано пласира сценарија за „дестабилизација“, создавајќи атмосфера на страв и несигурност. Тој сега се обидува на вчерашните настани да ја надоврзе својата приказна за хаос, обвинувајќи ги сите, освен оние кои навистина треба да понесат одговорност – него и неговата неспособна влада.

СДСМ не дозволува поларизација и манипулации. СДСМ отсекогаш работела за заштита на државните интереси, граѓаните и државноста. Нашата партија никогаш нема да дозволи да биде вовлечена во сценарија на поделби и дестабилизација.

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината врз СДСМ се навреда за интелигенцијата на граѓаните. Ваквите обвинувања нема да ги сокријат нивните пропусти, туку само ќе го зацврстат сомнежот дека дестабилизацијата не е сценарио, туку политички инструмент на власта.

СДСМ е посветена на зачувување на мирот, безбедноста, меѓуетничките односи и соживотот во земјата. Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат на провокациите и манипулациите на власта. Ги повикуваме сите граѓаните да останат смирени и да не долеваат масло на огнот ниту да посегнуваат по било каква форма на провокации.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ итно да престанат со опасната реторика на поделби и страв, и конечно да ја преземе одговорноста што ја носи неговата функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66nai06em76me9M2GRI

Ангеловска: СДСМ бара одговорност за скандалот со злоупотреба на деца во Куманово од ЗНАМ и Димитриевски

Македонија | пред 6 часа

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања