Свет

Вицепремиерот Фетаи за експлозијата во Косово: Косово има поддршка да го брани суверинитетот, ги поддржувам напорите

„Најостро ги осудувам криминалните и терористичките напади врз критичната инфраструктура на Република Косово, вклучително и оштетувањето на главниот канал на Ибр Лепенци, кој ги снабдува со вода важни градови и термоелектрани за производство на електрична енергија“ вели вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и додава:

Ваквите криминални дела, насочени кон нарушување на редот и безбедноста во една суверена држава, немаат место во нашиот регион и нема да успеат.

Извршителите на овие напади мора да бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата. Косово има силна меѓународна поддршка и ќе продолжи да го брани својот суверенитет.

Како вицепремиер на Северна Македонија, ги поддржувам напорите за правда, мир и стабилност во нашето заедничко соседство. Сите дестабилизирачки актери мора да се соочат со последиците од нивните постапки“.

Фетаи е роден во Куманово, но се образувал во странство. Има двојно државјанство – македонско и белгиско. Тој важи за близок соработник на Таравари Во неговата биографија приложена до Собранието стои дека Фетаи има повеќегодишно искуство во меѓународни институции и фондации во Белгија и Косово, а од 2022 година работи како извршен директор на Институт за јавна политика „Арбен Џафери“ во Скопје.

На почеток