Македонија

Курто Дудуш бара извинување од Арсовска, ако не, ќе ја тужи!

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, најави тужба за скопската градоначалничка Данела Арсовска доколку не се извини за како што вели, клевети кои ги изнела.

„Вчера, 29ти ноември, малку се разбистри “маглата” околу причините за нервозата на Градоначалничката на Град Скопје.

Извесен Александар ВОЗАЧ од Град Скопје, раководи инспектори, попречува работа на инспектори од други општини, инспектори од Град Скопје со налог да делуваат во Шуто Оризари, сликаат парцели под територија на Општина Бутел, со јасна цел: записници и докази против мене нема, очајно се обидува периодов да ги измисли и фалшира користејќи го Александар (возачот) како диригент.

Имајќи го сето ова во предвид, вчера и е доставена опомена пред тужба преку мојот адвокат за нарушување на мојот углед, личност и кредибилетет како човек и како Градоначалник, од страна на Арсовска преку нејзиното соопштение и интервју на 27.11.2024 година.

Колешке, ви ја разбирам нервозата, но срамот и незнаењето со инспекции и со клевети и навреди не се покрива.

Бидете барем малку чесна и извинете се за кажаните лаги и невистини и ќе имаме одлична основа да седнеме на маса и со вашето знаење и моето искуство дупло од Вашето во менаџирање на локални проблеми и предизвици, ќе се обидеме да најдеме решение/нија.

Во спротивно, се гледаме на суд“, вели Дудуш.

На почеток