Свет

Во Косово уапсен сопственик на порталот „Косово-онлајн“: кај него се правени претреси, не се знае причината

Душан Милановиќ од Лепосавиќ, сопственик на компанијата „ВИМ инфо“ , која е основач на порталот „Косово-онлајн“, утрово е приведен од косовската полиција. Според сведочењето на мештаните, околу 20 припадници на косовската полиција, придружувани од две оклопни возила и три џипа, утринава околу 8 часот и 45 минути упаднале во куќата на Милановиќ во Лепосавиќ.

Според истиот извор, на семејството му било кажано дека инспекторот имал наредба од обвинителот од Приштина да го уапси Милановиќ и да изврши целосен претрес на куќата. Во 9:20 часот Милановиќ бил однесен, а полицијата извршила претрес во куќата.

Во моментов од полицијата нема информации зошто Милановиќ е приведен, пишува порталот, бидејќи северниот регион на косовската полиција не одговара на нивните повици.

Најпрвин бил префрлен во полициската станица во Лепосавиќ, по што бил пренесен во полициската станица во Митровица.

Редакцијата на „Косово онлајн“ апелира, не сакајќи да прејудицира и да го поврзе апсењето со сопственоста на нашите медиуми, до надлежните институции итно да ја информираат јавноста за причините за рацијата и апсењето.

На почеток