Загина Живко Пејковски, поранешен пратеник и директор на затворот „Идризово“
Во сообраќајна несреќа на 61 годишна возраст загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“.
МВР објави: На местото викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар. Во несреќата на местото на настанот починал Ж.П., а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде што блиските и пријателите се простуваат од него, а објавата ја сподели општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Демир Хисар.