Денот „Д“ за правораздавањето: Обвинителите со пролив и државни обвинител се таргет
Ова е денот „Д“ доколку се суди според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, а се однесуваа за акција против корупцијата во правосудството. Според него, трпението завршило, а од денеска ќе се бара одговорност од обвинители кои кога ќе требало да спроведат акција, добивале дијареја. Тој најави цврст пристап и јасна визија за правда.
„Планирањето беше детално, а од понеделник започнуваме со конкретни чекори,“ изјави Мицкоски.
Акцијата нема да вклучува употреба на специјални полициски сили или јавно понижување на обвинетите, туку ќе биде спроведена преку институционални мерки кои ќе гарантираат транспарентност и почит кон законот.
„Сметаме дека спектаклите немаат место во правосудниот процес. Потребно е фокусирано, систематско и законски уредено делување,“ објасни премиерот.
Не беше поштеден ниту државниот обвинител, Љупчо Коцевски за кого кажа дека добол шанса, ама не ја искористил.
„Државниот јавен обвинител, господинот Љупчо Коцевски доби шанса и плеќа како никој негов претходник, а за возврат добивме стотици истраги, процеси и обвинители, што кога треба да стават потпис на налог за увид, за претрес, за лишување од слобода наеднаш добиваат грозница, покачена температура, дијареа, анксиозност или се трудат на кој било начин да го опструираат процесот.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека се неосновани обвинувањата на премиерот дека обвинители не си ја вршеле работата под изговор дека имаат здравствени проблеми, како дијареа, покачена температура и анксиозност. Според него, имало само еден случај во кој обвинител не отишол на закажан состанок бидејќи имал вирус, но по неколку дена одржал неколку состаноци со надлежните служби од полицијата за координација по одредени предмети.
Шокантни постапувања за првпат од прва рака можеше да чуе и јавноста, од суспендираниот обвинител, Мустафа Хајрулахи.