Македонија

(Фото) Неколку пожари во Куманово: ДУИ вика дека се случува криза, обвинител собира снимки од камери

Синоќа во Куманово се случиле неколку пожари, во кои изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи и повеќе автомобили, а ДУИ реагира дека пожарите се подметнати. Според пишувањата на дел од медиумите, еден од изгорените автомобили е на висок јавен обвинител.

За пожарот во кој му изгоре канцеларијата, ноќеска извести самиот Јакупи на својот профил на Фејсбук.

„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи во својата објава.

Тој повика на брза реакција од надлежните органи.

Се огласи и Обвинителството.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор“, велат оттаму.

На почеток