Македонија

Запален автомобилот на јавниот обвинител Џелал Бајрами

Ноќеска во Куманово е запалено возилото на јавниот обвинител Џелал Бајрами.

Станува збор за сопствено возило кое било паркирано пред објектот каде живее.

Дежурен јавен обвинител излегол на местото на настанот и од страна на органите се подигнати доказни материјали.

Џелал Бајрами е обвинител во државното јавно обвинителство, а претходно во Владата на Груевски бил министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, како кадар на ДУИ.

Инаку синоќа во Куманово се случиле неколку пожари, во еден од нив во изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи и повеќе автомобили.

ДУИ реагира дека пожарите се подметнати.

На почеток