Едно лице повредено: ново пукање во Чаир
Едно лице е повредено во пукање кое денеска се случи во скопската населба Чаир. Лицето е пренесено во една од скопските болници на лекување, а неговата состојба засега не е позната. Пукањето се случило во близина на чаирскиот стадион.
„Денеска (02.12.2024) од ГОБ “Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. “Кемал Сејфула” во Скопје“, велат од МВР..
Полицијата е веќе на терен и собира информации, а се гледаат и камерите од „Сејф сити“ за да се дојде до информации за сите кои учствувале во инцидентот.
„Пукањето се случило во близина на чаирскиот стадион“, велат од МВР.