Владата за остсавката на Дамева: Негативните поени ги имаме од непостапувањето на правосудството
Од
Објавено на
Во одговор на прашање портпаролката на Владата, Марија Митева, посочи дека вчерашната оставка на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева и она што го изнесе во јавноста го ценат како најсоодветно нешто што можеше да се случи после сите скандали.
-Негативните поени кои ги имавме како држава доаѓаа од непостапувањето на правосудството во целина и од огромниот број на скандали кои се случуваат таму. Она што значи информација за состојбите онакви какви што се, е информација за тоа дека ќе имаме навистина робусна борба против состојбите кои ги има во делот на правосудството и не го цениме како притисок, рече Митева.