Тешко дека лидерите ќе седнат на маса, иако Филипче инсистира
Како Влада не ја гледаме објективноста на барањето за лидерска средба испратено преку медиумите. Сепак, нека го испратат барањето како што треба па ќе размислиме и ќе одлучиме, порача денеска портпаролката на Владата Марија Митева.
Оваа Влада не работи за желбите на политичарите, туку исклучиво за интересите на граѓаните. Сосема е чудно зошто ова барање за лидерска средба доаѓа преку медиумите, се надеваме дека знаат како се испраќаат официјални барања за лидерска средба. Нека ги испратат, па ќе размислиме и ќе одлучиме, рече Митева во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.