Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СДСМ: Шокантно е што Митева и Владата сметаат дека безбедноста и мирот во државата не заслужуваат лидерска средба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Pretsedatel-filipce-komisijam2

„Шокантно е што Владата и Митева излегуваат со став дека прашањата за безбедноста, мирот и иднината на нашата држава не се доволно важни за лидерска средба, особено во услови кога секојдневно има нови вооружени инциденти на улиците и растечки тензии со подгревање на меѓуетничките односи“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

Вчера повторно се пукаше во Чаир, има и повредени, пред само еден ден запалени беа возила и дуќан во Куманово а претохдно се пукаше среде Скопје. Над 25 инциденти со огнено оружје се случија во изминатите неколку месеци.

— реклама —

Од друга страна се случија сериозни инциденти со палења на македонското државно знаме, деца во униформи во училишта, повици за реваншизам и дополнителни тензии. Сериозно се подгреваат страстите кои влијаат на влошување на меѓуетничките односи, а кои се темел на стабилноста на земјата.

— реклама —

Затоа неопходно е сите релевантни политички чинители да преземат одговорност за смирување на растечките тензии и обезбедување стабилност.

— реклама —

Дали Владата смета дека е нормално премиерот да не гледа потреба за лидерска средба во ваква сериозна состојба?

Потребен е итен политички дијалог за да се надмине тековната криза, да се смири наелектризираната атмосфера и да се испрати јасна порака до јавноста за смирување и стабилност.

Одбивањето на иницијативата за лидерска средба го засилува сомнежот за политичка калкулација и испраќа опасна порака – дека некои политички фактори во власта имаат интерес од продолжување на тензиите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66nai06em76me9M2GRI

Ангеловска: СДСМ бара одговорност за скандалот со злоупотреба на деца во Куманово од ЗНАМ и Димитриевски

Македонија | пред 18 часа

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања