Магазин

Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“

Ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, животен стил, семејство и родителство се само дел од темите што го засегаат современиот човек, а кои ги опфаќа новата книжевна едиција Shelf Help на издавачката куќа „Арс Ламина“. Станува збор за едиција со куси и практични водичи за самопомош, кои помагаат во подобрување на животот на читателите.
Книгите се поделени во неколку поткатегории со цел да понудат фокусирани и ефективни решенија за секојдневните предизвици.

Shelf Help вклучува повеќе интернационални наслови, од кои трите први книги веќе се излезени од печат. Меѓу нив се: светскиот бестселер „Фенг шуи во вашиот живот“ од Мари Дајмонд – кој е водич во тоа како да го искористите домот за привлекување на животот од вашите соништа; „Кон повисоко ниво“ од Роб Дајл – што открива како да се фокусирате, да престанете со одложување и да го подобрите вашиот живот; Водичот со вежби и активности – „Црвена линија“ од Џулијан Тејлор Шор – кој открива како да поставите граници за да ја сочувате вашата енергија и менталното здравје.

Наскоро се очекува да бидат објавени и книгите „Француската уметност на доброто живеење“ од Кети Јандел – Како да ја пронајдете радоста на животот во вашето секојдневие и „100 начини како да го промените вашиот живот“ од Лиз Муди – Како да го подобрите вашето здравје, да ги унапредите вашите врски и да постигнете успех и среќа.
Во иднина едицијата ќе биде дополнета со уште многу други наслови.

Shelf Help е идеална за сите кои сакаат да направат позитивни промени во својот живот и да се соочат со предизвиците на модерното време, затоа што неопходната помош доаѓа од полиците.

Книгите во издание на „Попули“ и „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

На почеток