Ниски температури низ Македонија, а денека и дожд
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
–2 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Крива Паланка, Битола, Дебар, 4 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Тетово, Претор, Прилеп, Охрид, 5 Скопје-Петровец, Виница, Демир Капија, 6 Штип,Струмица, Кавадарци, Велес, 8 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24часа до 07 часот (во l/m2)
4 Прилеп, 3 Попова Шапка, 2 Крушево, Тополчани, Претор, 1 Битола, Охрид, Дебар, Лазарополе.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)
48 Маврови Анови, 39 Попова Шапка, 25Крушево, 10 Лазарополе.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Претежно облачно, во западните делови со повремен слаб дожд, на планините слаб снег.Утрово по одделни котлини има појава на слаба магла.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе преовладува променливо облачно и тивко време. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.