Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Каранфилова Пановска: Меѓуетничките тензии се опасни, одбивањето на лидерска средба од Мицкоски е неодоговрно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
fani-sdsm

Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете или да дефокусирате од она што се во моментот актуелни проблеми или за кои што можеби немате одговор е многу опасна работа. Тоа е играње со оган и во тој контекст сакам да кажам дека СДСМ бара сериозен дијалог и заедништво, низ којшто процес сите актери без исклучок ќе излезат и ќе кажат, ние сме за мир и стабилност. Одбивањето на Мицкоски да прифати лидерка средба е неодоговрно кон државата и кон ситуацијата, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во интервју за „Клик плус“, на Телевизија 21.

— реклама —

Каранфилова Пановска нагласи дека случувањата во изминатите неколку денови, со изблици на насилство, дивеење и сквернавење на нашето државно знаме, практично значи пдгревање на етнички тензии и воопшто не треба да се третираат на еден банален начин и со една површност, туку бараат сериозна анагажираност од сите политички актери.

— реклама —

-Повикот на лидерот Филипче за средба на лидерите на политичките партии беше во насока на тоа дека ситуацијата е серизона и дека може да ескалира. Се уште сметаме дека е многу важно, сите лидери на политичките партии да седнат на маса и да видат со што реално се соочуваме, кои се ризиците, да повикаме да се смират страстите. Важно е лидерите на сите политички партии да излезат пред граѓаните и да ги уверат дека треба да бидат спокојни и дека треба да живееме безбедно, истакна Каранфилова Пановска.

— реклама —

Заменик претседателката на СДСМ Каранфилова Пановска нагласи дека суштината треба да биде поважна од формата за одржување на лидерска средба.

— реклама —

Каранфилова Пановска најави дека денеска ќе биде соопштен ставот на СДСМ во врска со поднесената интерпелација на Министерот за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66nai06em76me9M2GRI

Ангеловска: СДСМ бара одговорност за скандалот со злоупотреба на деца во Куманово од ЗНАМ и Димитриевски

Македонија | пред 21 час

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања