Македонија

Ден шести од легализирањето на навредата кон Албанците, велат од ДУИ

„Поминаа шест дена од тешкиот и неприфатлив чин, кога полициски службеник, пред очите на целата јавност и камерите, насилно го отстрани албанското знаме и го фрли на земја со презир. Овој флагрантен чин, кој не само што го понижува нашиот национален симбол, туку и сите Албанци, сè уште останува без никаква последица за сторителот“, соопшти ДУИ.

„Денес се одбележува шестиот ден откако овој полициски службеник продолжува да биде на слобода, без никаква дисциплинска мерка, без никаква казна за неговото срамно дело. Каква порака се праќа со ова? Дали се испраќа сигнал дека навредите кон Албанците, нападите врз нашите симболи и презирот кон нашата заедница се толерирани и неказнети?

Ова молчење на институциите, овој недостаток на правда, претставува двојна навреда за Албанците. Тоа е опасна порака што го легализира дискриминацијата и ги продлабочува поделбите во општество кое претендира да биде демократско и еднакво за сите граѓани.

Демократската унија за интеграција не може да дозволи ваков чин да помине без казна. Правдата не може да молчи кога национален симбол е насилно нарушен и кога цела заедница е понижена.

Институциите мора да реагираат веднаш. Секој ден што поминува без казнување на овој чин е ден во кој неправдата и институционалната дискриминација се продлабочуваат. Албанското знаме е нашето достоинство, и ние нема да дозволиме нашето достоинство да биде погазено без последици“, се наведува во соопштението на ДУИ.

На почеток