(Видео) Новогодишните куќарки кои стоеа на плоштад до април, сега се враќаат: ќе има ли сијалички и елка?
Од
Објавено на
Со куќарките кои стоеа на плоштад до април, Град Скопје ги донесе и годинава за да прави новогодишна магија. Нема сијалички, а ниту елка. Што се случи со тие од минатата година, засега не е познато.
Ниту годинава Град Скопје нема распишано тендер или јавен повик за новогодишно украсување на градот. Лани градоначалничката Данела Арсовска гостувајќи на подкаст на „Инфомакс“ одговарајќи на критиките дека доцна, односно после 15 декември почна да го кити градот, рече дека во 2024 година Скопје ќе се украсува уште во септември.
Арсовска минатата година кажа дека треба да се потрошат 30.000 евра за украсување, но без тендер. За овој случај во Град Скопје влезе Финансиската полицијата и оформи предмет.
View this post on Instagram