Скопје

(Видео) Симпатична, размазена и неодговорна, вака Никола Пановски ја опиша Данела Арсовска

„Во Скопје работата е влошена, сѐ оди надолу, во име на град Скопје се пуштаат безобразни соопштенија, нема транспарентност.
Градоначалничката е на пат и не сака да губи време со нас на советнички прашања, ни рече секретарот за отсуството на Данела Арсовска“, рече во „Претрес“, советникот во град Скопје од редовите на ЛДП и микробилог Никола Пановски.

„Опкружена е со луѓе кои не ѝ ја кажуваат вистината. Ни советниците веќе не ги памтат директорите. До сега Советот не доби ни збор за патувањата на градоначалничката. Како да ја прашаме кога не постои, ја нема”, рече Пановски.

„Таа“, рече, „им одговара невоспитано на советниците.Таа е лесна на навреди“.
„Симпатична, размазена и неодговорна“, вака со три збора ја опиша Данела Арсовска.

За Трајко Славевски рече дека е стручен, но под влијание на неговата партија.

На почеток