(Видео) Пановски: Најголемо достигнување на мнозинството во Град Скопје е враќање на Ќосето
„И мене не ми е јасно зошто не се соберат 100.000 скопјани и да бараат смена на градоначалничката Данела Арсовска“, рече во „Претрес“ со Ландов советникот Никола Пановски.
„Работите“, рече, „ги дознавам од медиумите“.
„По изборите ВМРО-ДПМНЕ имаше 18 советници, потоа Ирина Витина, ја подржа градоначалничката и кога пукна тиквата немаат подршка и од советникот од ГРОМ. По изборите, двајца советници од Алијанса и двајца од Левица им дадоа поддршка. Најголемо достигнување беше враќањето на Ќосето, дури и од Левица гласаа за ова”, рече Пановски, кој вели ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство, но не се покренува ова прашање зошто во оваа ситуација никој не сака да е мнозинство.