Курти: Одговорните за нападот на критичната инфраструктура на Косово мора да сносат одговорност
Косовскиот премиер Албин Курти на вчерашниот разговор со еврокомесарката за проширување и соседска политика Марта Кос истакна дека одговорните за терористичкиот напад врз критичната инфраструктура на Косово мора да одговараат. Курти преку платформата „Х“ изјави дека со Марта Кос разговарал за односите со Европската унија, за демократскиот и социо-економскиот напредок на Косово.
„Ја истакнав важноста на добрососедските односи за регионалната соработка и истакнав дека безбедносните закани мора да завршат и одговорните за неодамнешниот терористички напад врз нашата критична инфраструктура мора да одговараат. Нападот беше од руска играна што ја нападна критичната цивилна инфраструктура во Украина. Тоа е причината поради која алармираме за сојузот на Русија со Србија“, рече Курти.
Тој посочи дека Косово е посветено на реформите во Европската унија и на Планот за раст и дека со нетрпение очекува да го добие прашалникот на Европската комисија за напредок кон членство во ЕУ.
Со нетрпение очекувам да работам со неа за да ги унапредиме нашите заеднички цели и да обезбедиме мир и безбедност во регионот“, заклучи Курти.