Ингеренциите за ЈСП можно е да ги преземе Владата, ако не најдат начин да набават нафта, бидејќи позајмици до недоглед нема да можат да се даваат, рече Мицкоски
На новинарска констатација, дека ЈСП не успеало тендерски да набави нафта, ниту со директни преговори, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не може до недоглед да се позајмува од државните резерви, туку дека можеби треба да се преземат ингеренциите над претпријатието. Според Мицкоски, Владата ќе почека уште два дена, додека има нафта, па ќе види како ќе постапи. Граѓаните, според него, нема да бидат оставени на цедило.
„Да утре задутре треба да се истрошат. Од Бирото за јавни набавки се бараше позитивно мислење за спогодба во четири очи и се даде. Останатото е до градот. Ние како Влада нема да седиме и набљудуваме како Влада, за да видиме да не има некаква набавка, да не се предомислат како оператори. Ако не, со позајмица ние како Влада мора да интервенираме“, рече Мицкоски и додаде:
„Тогаш се поставува прашањето, до кога вака? Ако некој не може тоа да го прави, барем да ги преземеме ингеренциите и да ја стабилизираме работата. А до тогаш правиме анализа на пазарот и подоготвка на тендерот за 120 електрични автобуси“.