Зголемување на платите за здравствените работници – подобра грижа за граѓаните, вели ВЛЕН
„Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат современа здравствена заштита и мотивирани вработени. Ова е наш приоритет! Од моментот кога ВЛЕН го презеде раководството на Министерството за здравство, почнавме да го подигаме здравството од клиничката состојба каде што го остави претходната власт. Зголемувањето на платите за сите здравствени работници е само првиот чекор!“ велат од ВЛЕН и додаваат:
Што постигнавме?
• Ги зголемивме платите за сите вработени врз основа на новиот коефициент. Секој вработен ќе добива по 3.636 денари повеќе месечна плата.
• Лекарите за итна помош и оние кои работат во тешки услови сега се наградени за нивната посебна работа.
• Не ги заборавивме медицинските сестри и вработените кои се грижат за стари лица или деца на интензивна нега. За нив обезбедивме зголемување на платите за да ги исправиме неправдите од минатото.
Зошто го правиме ова? Затоа што веруваме дека нашите лекари и медицински сестри заслужуваат подобри услови! Затоа што знаеме дека граѓаните заслужуваат квалитетни услуги, почит и здравствена заштита како во најразвиените земји.
Почетокот на спроведувањето на долгоочекуваните реформи донесе надеж. Напорите за подобрување ги осетуваат пациентите, лекарите и целиот медицински персонал, како и администраторите. Здравството во изминатите години го загуби не само угледот и довербата, туку и квалитетот на најчувствителните услуги на пациентите.
Ова е само почеток! Со ВЛЕН здравјето ќе стане пример за успех во државата.