Македонија

Груби: Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, има само нација!

Артан Груби, висок функционер од ДУИ го поздрави писмото потпишано од 250 професори Албанци. Тој е на иста линија со нив и упатува порака до Уставен суд дека не смее да го чепка односно укинува Законот за јазици.

„Ја поздравувам академската и националната храброст на албанските интелектуалци против систематските тенденции за поништување на какви било национални достигнувања во однос на еднаквоста во Северна Македонија. Истата грижа ја делат и студентите, учениците, граѓаните, сите без исклучок. Аматерски политички акробации, има закон, нема закон, судот ваков, судот таков, не доведе до ова ниво кое потекнува од непочитувањето на волјата на граѓаните на изборите на 8 мај од претставникот и прифаќањето на безусловно на улогата на покорност од страна на губитниците на изборите. Ние зборуваме албански јазик, и вие! Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, нема партија, има само нација!“, вели Груби.

Со писмо на кое потпишани се универзитетски професори од албанска националност, се бара од Уставниот суд, во среда, да не се укинува службената употреба на албанскиот јазик. На него се потпишани 250 лица, бидејќи се сомневаат дека уставните судии ќе донесат политички мотивирана одлука.

Тензично со Законот за јазици: професори Албанци со писмо до устсавните судии бараат да не се укинува како што барал Мицкоски

На почеток