Пронајдени три безживотни тела во неготинското село Црвени Брегови
Од
Објавено на
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле.