Македонија

Кои се наредните чекори на ДУИ?

Централното претседателство на Демократската унија за интеграции, денеска ќе одржи состанок на којшто ќе одлучува за следните чекори, информираше за МИА потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, откако вчера ја започнаа иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците.

– До 11 декември сигурно остануваме, а за понатаму дополнително ќе се решава. Денеска има состанок на Централното претседателство, има и координација на лидерите од Европскиот фронт каде што ќе се одлучува за следните чекори – рече Османи.

Како што посочи Османи, повикот за „Стража на јазикот“ значи одбрана на мултиетничка Северна Македонија, бидејќи, како што рече, ова не е само кауза на Албанците.

На почеток