Македонија

Груби се брани откако беше ставен на црната листа: Животот го посветив на демократијата

Ексфункционерот во Владата, Артан Груби се огласи откако денеска беше ставен на Црната листа во САД.

Тој кажа дека за одлуката на Стејт Департментот дознал од медиумите.

„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот. Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.

Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.

Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција“, напиша Груби.

На почеток