Села ја поздрави одлуката за Груби да биде на т.н. „црна листа“: Борбата со корупцијата е важен чекор!
Зиадин Села, претседател на Алијанса за Албанците по повод најновите имиња на црна листа на Америка, ја поздрави одлуката на САД. На неа се наоѓа Артан Груби, со кого се дел од Европскиот фрот.
„Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои ги осудуваа и јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме неодамнешната одлука на САД, најважниот стратешки партнер Македонија и албанскиот народ. Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните, повлечени од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани.
Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава.
Алијансата за Албанците и јас, како нејзин претседавач, остануваме доверлив и лојален партнер на САД, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и изградбата на владеењето на правото“, вели Села.